Утрински Весник
Македонија

Повеќедневна метео анализа: Стабилно и топло време, потоа врнежи, грмежи и невреме!

Prva kocka 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Бaрем од она што во моментов можам да го изјавам за јавноста, е тоа дека, до 17 јуни (вторник) во нашата Македонија нема да има поголема промена на времето, што значи дека останува претежно стабилното, суво, сончево и попријатно топло време. Сепак, не се исклучува можноста за сосема ретка појава на попладневен краткотраен дожд со ретки грмежи.


За време на овој период, температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33/34 степени во Повардарието.

Во Скопје ќе имаме сосема слично време како и во другите делови од нашата Македонија, а температурата ќе се искачува до околу 32/33 степени.

Веќе од 18 јуни (среда) на повидок е промена на временската состојба кај нас, и истата ќе услови пониски температури на воздухот и честа појава на врнежи, грмежи, како и локални временски непогоди. Токму ова ќе го предизвика висинскиот циклон кој ќе се распростране над нашиот дел од Европа, и ќе одржува многу нестабилно време.

Со оглед на тоа дека се работи да повеќедневно анализирање на времето, официјална метео анализа околу промената на времето која ни следува следната седмица, следува во следните мои метео објави.

Можете да прочитате

СДСМ бара оставки од Јанев и Тошковски и кривична одговорност

Коцевски пред разрешување со силна порака до Мицкоски?

Во Прилеп завршува 59. МТФ „Војдан Чернодрински“