Утрински Весник
Македонија

Повеќе од 4 часа траела акцијата за извлекување на безживотните тела на Галичица

Galicica.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Четири и пол часа траела операцијата на спасителната планинарска служба за извлекување на беживотните тела на сопружниците од Ресен кои со своето возило излетале од патот 150 метри во провалија на местото викано Превој покрај патот Охрид-Отешево кој води преку Галичица.

Полициски службеници од Ресен со помош од параглајдеристи го пронашле патничко возило „фолксваген голф“и во негова близина биле пронајдени две починати лица.

„Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај лицата, а полициски службеници констатирале дека се работи за М.Х.(59) и М.Х.(56), двајцата од Ресен, за кои на 16.06.2024 во 22.00 часот нивниот син пријавил дека се оддалечиле од домот со возилото“, соопштија од полицијата.

Вчерашната акција ја потвди потребата од волонтерски ситем за спасување вели Додевски кој нагласи дека во акцијата спасителите учествувале со 60 проценти од својот капацитет бидејќи станува збор за стрмен терен.

Од планинарската спасителна служба најавија дека од почетокот на годинава ова е прв ваков случај со трагичен крај инаку имале вкупно 18 интервенции и тоа претежно во зимскиот период при извлекување на заглавени возила.

Можете да прочитате

Зајкова: Во новата година посакувам храброст, достоинство и правда за држава со вредности, а не само со процедури

Што најмногу се читаше на 24Инфо во 2025 година

„Патека на бесконечноста за 63-те ангели“ – место за спомен и утеха во Стариот парк во Кочани