Утрински Весник
Свет

Повеќе од 200 ракети истрелани од Либан, откако Израел уби командант на Хезболах

20240613080408 Big 730x400 28.webp.webp

Стотици ракети беа истрелани синоќа од либанска територија кон северен Израел, неколку часа откако во израелски воздушни напади беше убиен командант на либанското шиитско движење Хезболах.

Израелската војска соопшти дека биле откриени околу 215 гранати, од кои некои биле соборени, но други предизвикале пожари на неколку локации.

Хезболах вети дека ќе ги интензивира своите напади по смртта на 55-годишниот Талеб Сами Абдулах, најстариот член на групата убиен од почетокот на борбите пред осум месеци.

Хезболах, сојузник на палестинското движење Хамас, поддржан од Иран, неодамна почна да напаѓа подлабоко во израелската територија со пософистицирани оружја, додека израелската авијација исто така бомбардира цели длабоко во Либан.

Шиитското движење најави дека ќе ги прекине непријателствата против Израел само доколку дојде до прекин на огнот во Газа.

Можете да прочитате

Грција воведува 6-дневна работна недела

1.300 аџии починаа на аџилак во Мека

Жена била нападната од волци додека џогирала во сафари-парк во близина на Париз