Утрински Весник
Свет

Повеќе од 20 земји во заедничко соопштение повикаа на итен прекин на војната во Газа

Gaza7.jpg
Dik 300x250 mk

Велика Британија и повеќе од 20 други земји денеска повикаа на итен прекин на војната во Појасот Газа и го критикуваа моделот за испорака на хуманитарна помош што го применува израелската влада, нарекувајќи го опасен, дестабилизирачки и понижувачки за жителите на Газа.

– Ние, потписниците наведени подолу, се обраќаме со едноставна, итна порака – војната во Газа мора веднаш да запре – се наведува во заедничкото соопштение на министрите за надворешни работи на Велика Британија, Франција, Италија, Јапонија, Австралија, Канада, Данска и други држави.


Државите потписнички се подготвени да преземат дополнителни чекори за да го поддржат итното примирје и да обезбедат политички пат кон безбедност и мир за Израелците, Палестинците и целиот регион, се истакнува во документот.

Можете да прочитате

Каков имот има новиот градоначалник на Њујорк и колку ќе заработува?

Три жени уапсени за планирање терористички напад во Париз

Индонезиската полиција откри сомнителен прав при истрагата на експлозиите во џамија во Џакарта