Утрински Весник
Скопје

Повеќе од 15 часа без струја, жители на Аеродром револтирани кон ЕВН

Screenshot 2024 07 19 094441 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вчерашното силно невреме што го зафати Скопје, предизвика прекин на електричната енергија во голем од општина Аеродром.

Цело попладне и цела ноќ цели населби во општина Аеродром беа без струја, а граѓаните не можеа ниту да добијат информации на контакт центарот на ЕВН.

Тоа предизвика револт кај жителите од оваа општина кои на социјалните мрежи го изрзуваа своето незадоволство од услугите на ЕВН.

Некои од граѓаните, се обидоа да се пошегуваат на целата мака.

Меѓу оние кои се уште се без електрична енергија е и новинарот Бранко Тричковски, кој на свој начин го изрази револтот на социјалните мрежи.

Инаку, од ЕВН дури утрово дадоа информација за тоа кога граѓаните на општина Аеродром повторно ќе добијат струја.

Можете да прочитате

Ѓеорѓиевски ја посети СВР Скопје и дежурните служби

Стефковски со благодарност до дежурните служби за новогодишната ноќ

Празнично работно време на шалтерите на Водовод