Утрински Весник
Скопје

Повеќе од 100 дечиња од Гази Баба ќе бидат дел од „Бадниковите поворки“, Стефковски вети многу изненадувања

Image 220650.jpg

Градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски се сретна со повеќе од 100 дечиња и заедно ја испеаа “Вечниот Бог”.

Како што најави Стефковски, и оваа година општина Гази Баба ќе биде дел од “Бадниковите поворки 2025”.


Оваа година, општината преку Здружението “Баникови поворки” обезбедува златни ѕвездички за сите дечиња кои на бадниковото утро ќе дојдат во просториите на општина Гази Баба. Како и во претходните години како локална самоуправа ќе обезбедиме бесплатен автобуски превоз кој ќе помине низ сите населени места во општината и ќе ги донесе сите дечиња со своите родители најпрво во општината, а потоа и во центарот на Скопје каде што ќе се оддржува главата манифестација, рече Стефковски и додаде:

Периодот на новогодишните и божиќните празници е најубавиот период од годината во кој најсреќни се дечињата, наша обврска е таа среќа на најразлични начини да ја зголемиме. Моите другарчиња, дечињата знаат дека секогаш сум тука за нив и со нив! Следуваат многу изненадувања во следните денови.

Можете да прочитате

Град Скопје: Најсовремени интерактивни дигитални табли за 23 средни училишта

По повод најавениот недостиг на вода, ИЈЗ излезе со препораки за граѓаните

Герасимовски: Ги поддржуваме македонските писатели, Општина Центар е партнер на сите млади креативци