Утрински Весник
Свет

Повеќе од 10.000 објекти уништени во пожарите во областа на Лос Анџелес, штетите над 150 милијарди долари

20250110110433 Big 730x400 59.webp.webp

Повеќе од 10.000 објекти се уништени во пожарите во областа на Лос Анџелес во изминатите три денови, соопштија властите.

Според проценките на компании, штетата би можела да достигне и до 150 милијарди долари, јави Би-Би-Си.


Жителите, кои беа евакуирани од подрачјата зафатени од пожарите, се вратија на местата кои изгореа во пожарот, а на многу од нив домовите им изгореа до темел.

Компанијата AccyWEather речиси тројно ја зголеми својата прелиминарна проценка за вкупната штета од шумските пожари во Калифорнија за само 24 часа.

Според најновата проценка, штетата би можела да биде и до 150 милијарди долари, додека првичната проценка на штетата била 57 милијарди долари.

Пожарите ги зафатија области каде се некои од најскапите недвижнини во САД. Противпожарната служба соопшти дека повеќе од 5.300 имоти биле уништени во пожарот во Пацифик Палисадес, елитно предградие на Лос Анџелес, додека меѓу 4.000 и 5.000 објекти биле оштетени или уништени во пожарот во Итон.

Аналитичарите на Morningstar и JP Morgan предвидуваат дека осигурувањето ќе плати загуби од над осум милијарди долари.

Бројот на загинати во пожарите што ја зафатија областа Лос Анџелес се искачи на 10, објавија американските медиуми. Во пожарите опусотшени се повеќе од 142 квадратни километри земја. Наредена е евакуација на околу 180.000 луѓе, јави Си-Би-Ес.

Најголемиот пожар во Пацифик Палисадес, елитно предградие на Лос Анџелес, беше локализиран шест проценти од четвртокот вечерта, според Калифорниското одделение за шумарство и заштита од пожари. Во моментов најмалку шест пожари беснеат во Лос Анџелес и соседната област Вентура, а ниту еден од нив не е локализиран, освен пожарот во Вудли.

Можете да прочитате

Шолц го блокираше испраќањето на оружје за Украина

Во Австрија протести против екстремната десница

Украина и Словачка на работ на конфликт за гасот, Фицо му се заканува на Киев со мерки