Утрински Весник
Магазин

Потврдено: Луѓето со шизофренија ги слушаат своите гласови како туѓи

Shizofrenija 2 750x563 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Научници од Австралија со своето најново истражување ја потврдија долгогодишната теорија дека луѓето кои страдаат од шизофренија „слушаат гласови“ во своите глави затоа што погрешно го толкуваат својот внатрешен говор како надворешен.

Истражувачот и психолог од Универзитетот во Нов Јужен Велс, Томас Витфорд, рече дека оваа идеја постои веќе 50 години, но дека е многу тешко да се докаже затоа што внатрешниот говор е по својата природа приватен, објави Sciencealert.


Користејќи електроенцефалографија за мерење на мозочните бранови, Витфорд и неговите колеги проучувале како мозокот реагира на внатрешниот говор кај луѓето со шизофренија.

„Кога зборуваме, дури и само во нашите мисли, делот од мозокот што ги обработува надворешните звуци станува помалку активен“, вели Витфорд, забележувајќи дека ова се случува затоа што мозокот го предвидува звукот на сопствениот глас.

„Но, кај луѓето кои слушаат гласови, ова предвидување не функционира правилно, па мозокот реагира како гласот да доаѓа однадвор“, додава тој.

Во истражувањето учествувале 55 лица со шизофренија кои имале неодамнешни аудитивни халуцинации, 44 лица со шизофренија без неодамнешни халуцинации и 43 лица без историја на шизофренија.

„Кај здрави луѓе, внатрешниот говор предизвикува исто намалување на мозочната активност како и при зборување на глас, додека кај луѓето кои слушаат гласови, ова намалување отсуствува. Нивните мозоци реагираат уште посилно на внатрешниот говор, како да доаѓа однадвор. Ова може да објасни зошто тие гласови изгледаат толку реални“, рече Витфорд.

Ова сугерира дека „гласовите“ што ги слушаат луѓето со шизофренија се всушност нивниот внатрешен говор што мозокот погрешно го препознава како надворешен.

Според соопштението, откритието би можело да им помогне на лекарите навреме да ги препознаат луѓето кои се изложени на ризик од психоза и да овозможат порана интервенција, според научниците.

Истражувањето е објавено во списанието „Schizophrenia Bulletin“.

Можете да прочитате

Вечер на класична магија – Пијано концерт на Арда Мустафаоглу во „Џевахир мол”

Зимска магија, улична храна и врвна музика на WINTERFESTIVAL пред СЦ „Борис Трајковски“

Авторот на „Кол оф дјути“, Винс Зампела загина во сообраќајка