Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Потресно сведоштво од Скопје: Мајка без струја и без работа, се бори да ја спаси ќерката од анорексија

Novcanik 345.jpg
Img 7972

Силвана Бркулјан на социјалните мрежи сподели искуство кое ја потресе јавноста – средба со жена од Скопје која, во борба за опстанок, побарала помош за најосновни работи: две банани и батерии.

„20 часот, истура дожд. Автомобилите ги прскаат пешаците, дува ветер. Стојам на семафор кога една жена, слаба и видно потресена, се доближи и ме праша: Можам ли да ве замолам нешто? Потоа рече: Можете ли да ми купите две банани и дебели батерии во Стокомак?“, пишува Бркулјан.


Таа прифаќа, и двете заминуваат кон продавницата. На патот, жената признава дека батериите ѝ се неопходни бидејќи ѝ е исклучена струјата – единственото светло во домот ѝ е сијалица што работи на батерии.

Најпотресно е сведоштвото за ќерката:
„Ќерка ми боледува од анорексија. По долга борба конечно почна да се опоравува и сега има 36 килограми. Но храната која ѝ е потребна е скапа и специфична. Јас останав без работа, маж ми нè напушти. Барам работа, макар и неколку часа дневно, но никој не сака да ме ангажира. Морам да бидам покрај неа цело време затоа што има проблеми со дишењето и тахикардии“, изјавила жената.

Иако во маркетот Бркулјан ја замолила да земе сè што е потребно за болното дете, жената се ограничила на минимални количества, со благодарност и видлива воздржаност.

На излезот од продавницата, вработена потврдила дека жената веќе неколку пати доаѓала и барала работа, но била одбиена бидејќи може да работи само неколку часа дневно.

„Не ми се заблагодарувајте за леб и за лек,“ ѝ рекла Бркулјан, а жената возвратила:
„Се заблагодарувам за вниманието. Не знаете колку понижувања доживувам секој ден.“

Бркулјан заклучува дека го споделува сведоштвото со единствена цел – да се најде помош за оваа мајка и нејзината ќерка и ги замолува сите кои сакаат да и помогнат да и пишат за да им даде контакт од неа.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Големите проекти и промени не се прават со зборови, туку со дела и темели

„Фала на ЈП Комунална хигиена Скопје што ни ги бутна контејнерите и замина, ова според нив е исчистено“, реагира жителка на Аеродром

Видео: Јаневски: Ѓорче мора да го задржи духот, на местото на руинираната сала „Партизан“ да направиме училишен центар