Утрински Весник
Македонија

Потресни сцени во суд: Повреден сведок со преврзана глава сведочеше за кошмарот во ‘Пулс’

Whatsapp image 2025 11 19 at 10.09.16.jpeg

Главната расправа за трагедијата во „Пулс“ денеска започна со изјаснување на оштетените, а сликата во судницата беше болно потсетување дека последиците од кобната ноќ сè уште траат.

Еден од оштетените се појави пред судскиот совет со преврзана глава, видливо сè уште лекувајќи ги тешките повреди здобиени во пожарот. Тој пред судот изјави дека се приклучува кон кривичниот прогон против обвинетите, но нагласи дека оштетното побарување ќе го бара во граѓанска постапка.

Моментот донесе тешка тишина во судницата – за првпат преживеаните стоеја лице в лице со првообвинетиот Дејан Јованов – Деко, сопственикот на дискотеката, кој се товари за трагедијата што однесе животи и остави стотици повредени.

Оштетениот со завои е само еден од 222 повредени граѓани – од кои 157 со тешки телесни повреди и 65 со телесни повреди – кои во хаосот, стампедото и пламените јазици се бореа да ја преживеат ноќта.

Обвинителството информираше дека кон доказната постапка ќе бидат приложени и нови медицински документи, дел од нив пристигнати подоцна или преведувани во изминатиот период.

Рочиштето продолжува со сведочења и нови докази кои треба да ја расветлат одговорноста за една од најстрашните трагедии во поновата историја на земјата.

Можете да прочитате

Мицкоски за „Сејф сити”: Поддржувам да се прошири низ целата држава, ќе трпиме критики, само да спасуваме човечки животи

16 години затвор за Илија Панов: Осуден за бруталното убиство на партнерката Сузана во Кавадарци

Тошковски: Македонија е синоним за врв на жртви од непочитување на сообраќајните правила