Утрински Весник
Спорт

„Потреси“ во Вардар – си заминаа тренерот Грнчаров и спортскиот директор Бајевски

„Потреси“ во Вардар – си заминаа тренерот Грнчаров и спортскиот директор Бајевски

По лошиот старт на повратничката сезона во Првата лига, дојде до промени во најтрофејниот македонски клуб, Вардар, од кој си заминаа спортскиот директор Александар Бајевски и трнерот Бобан Грнчаров.

dobivaj vesti na viber

Вардар ги загуби првите два меча од новата сезона од Брера Струмица и од Шкупи и прво одговорноста ја понесе спортскиот директор Бајевски, кој две години беше на оваа позиција и беше еден од најаслужните што клубот се врати во елитата.

„Сакам да ја известам целата спортска јавност и армијата Вардарови навивачи дека од денес повеќе нема да ја извршувам функцијата спортски директор на Вардар. Благодарен сум на најголемиот спортски бренд во државата што ми даде шанса и доверба да го водам спортскиот дел на клубот изминативе две години. Чест ми е што бев тука кога беше најтешко и што бев дел од црвено-црното семејство кое со натчовечки напори успеа во “невозможната цел” да се врати таму каде што припаѓа. Се заблагодарувам на сите играчи, тренери и вработени во клубот со кои соработував. Никој никогаш нема да може да ја избрише нашата посветеност и приврзаност преку која заеднички поминувавме преку сите препреки кои ги имавме. Порака за навивачите да продолжат да бидат со и покрај клубот во добро и лошо. Вардар е еден и единствен! Од денес продолжувам да бидам најголем навивач на клубот во кој го поминав најголемиот дел од мојот живот. До следна прилика, во некои подобри времиња…“, истакна Бајевски.

На утрешниот меч против Воска, тимот ќе го води поранешниот вардарец, Бобан Бабунски.

Фото: ФК Вардар

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност