Утрински Весник
Македонија

Потребно е гаснење на малигниот пожар кој има за цел проширување и во регионот, порачува Ахмети за случувањата на Косово

Потребно е гаснење на малигниот пожар кој има за цел проширување и во регионот, порачува Ахмети за случувањата на Косово

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети преку напис на социјалните мрежи, нападот во Косово го оквалификува како серизона провокација и според него истиот може да има и регионални последици.

dobivaj vesti na viber

„Убиствениот напад врз Косово и полицијата во земјата е напад врз мирот, стабилноста и безбедноста на целиот регион“, пишува Ахмети.

„Најостро го осудувам нападот на косовската полиција и убиството на полицаецот како и ранувањето на други лица утринава на северот на Косово“, додава лидерот на ДУИ.

Таквата како што ја нарекува сериозна провокација, според него е намерна со однапред одредена агенда, затоа, порачува дека треба да се управува со ладнокрвност и мудрост бидејќи последиците може да бидат регионални врз мирот и стабилноста.

„Овие случувања се неприфатливи и координацијата и соработката со меѓународната заедница, гарантирајќи го мирот и независноста на Косово, е неопходна и итна.
Потребна е итна акција за гаснење на малигниот пожар кој има за цел проширување и вклучување на регионот.
Изразувам искрено сочувство до семејството на жртвата и брзо закрепнување на повредените“, пишува Ахмети на Фејсбук.

Можете да прочитате

ВРЕДИ го честита денот на независност на САД

Од денеска на „Табановце“, стартува системот One Stop за интегрирана гранична контрола

Филипче: Мицкоски е виновен што на Македонија повторно ѝ се оспорува идентитетот и јазикот