Утрински Весник
Магазин

Потребни се 15.000 евра: Апел за помош на Зоки Фаци, за операција на тумор

Fb Img 1723886197431.jpg

Македонскиот јутјубер Стефан Лазаров на својот профил на Фејсбук објави апел за помош на својот пријател Зоран Василевски попознат како Зоки Фаци.

„Здраво на сите. Изминативе неколку месеци беа навистина тешки за Зоки, но секако и за мене бидејќи неговата болка ја гледам и како своја. Зоки има 25 см тумор кој мора да се отстрани доколку сака да преживее. Веќе неколку месеци операцијата се одлага, а единствен начин да се оствари побрзо е тоа да биде во приватна болница во која трошоците се огромни. Зоки не сакаше да бара милост ниту некој да го жали, но лично не можам да седам со скрстени раце и да го гледам пријателот како умира. Затоа мои добри луѓе, ве замолувам да се соединиме и да му помогнеме на човекот кој долго ве смее, да ја победи оваа битка и од понеделник да го пратиме на операција. На сликата имате сметка за донации, а потребни се околу 15.000 евра. Доколку има потреба до среда ќе отвориме и броеви. Фала ви однапред на сите, Господ да ве чува“, напиша Лазаров.

Можете да прочитате

4 знаци кои се предодредени за големи нешта во животот! Нивната судбина е запишана во ѕвездите

Овошен сладолед без шеќер: Превкусен е, а има само двр состојки

Не правете една работа ако ве фати грч во вода: Дополнителни совети како да ја спречите оваа појава