Утрински Весник
Македонија

Потребен е ветинг за сите политичари, судии и обвинители, му рече Ахмети на амбасадорот на Чешка

Потребен е ветинг за сите политичари, судии и обвинители, му рече Ахмети на амбасадорот на Чешка

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, оствари средба со амбасадорот на Република Чешка во земјата,  Јарослав Лудва.

dobivaj vesti na viber

Од прес-центарот на ДУИ соопштија дека Ахмети и Лудва разговарале за конструктивната меѓудржавна соработка, актуелната политичка состојба во земјата, напредокот што Северна Македонија го постигна во процесот на евроинтеграцијата, важноста на компактноста во делувањето на политичкиот фактор во земјата за усвојување на уставните измени, спроведувањето на неопходниот процес на реформи и борбата против криминалот и корупцијата.

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, во оваа прилика и се заблагодари на Република Чешка што секогаш била во поддршка за европската перспектива на земјата и побара континуитет на ваквиот став во одлучувачките процеси што следат.

Тој, меѓу другото, истакна дека Демократската унија за интеграција со селокупниот свој кадровски и програмски потенцијал останува посветена во одржувањето на проевропската конзистентност на дејствување, на усвојувањето на уставните измени кои го зајакнуваат внатрешниот демократски консензус и за натамошно зајакнување на односите на добрососедство.

Проевропското мнозинство во земјата е подготвено да ги примени сите потребни механизми за спроведување на процесот на реформите во согласност со интеграциската рамка и зајакнување на борбата против криминалот и корупцијата.

Ахмети на амбасадорот Лудва му го изразил ставот на Демократската унија за интеграција за спроведување на сеопфатен процес на ветинг за сите поранешни, сегашни и идни политичари, судии и обвинители, како единствен процес на објективно филтрирање и одржување на кредибилитетот на институциите.

Амбасадорот Лудва го изрази ставот на Република Чешка за продолжување на поддршката на земјата до целосно финализирање на аспирацијата на нашата земја за интеграција во Европската Унија.

Можете да прочитате

Панел-дискусија за родова еднаквост и спречување на насилството врз жени и девојчиња

Апасиев со обвинувања за валидноста на дипломата на директорот на АНБ

СДСМ: Полицијата потфрли во превенција на скандалозните настани, Тошковски се уште никаде го нема