Утрински Весник
Свет

Потрагата по исчезнатите членови на екипажот на потонатиот брод е во тек

(Видео) Потона брод во Тајланд, се трага по 31 исчезнат
Dik 300x250 mk

Тајланд распореди авиони, чамци и спасувачки тимови околу својот централен брег за да бараат 30 исчезнати маринци.

dobivaj vesti na viber

Тие исчезнаа кога воен брод потона во немирните води на Тајландскиот Залив за време на викендот.

Воениот брод бил превртен од силен ветер и бранови од четири метри по што потонал, пренесува „Ројтерс“.

Бродот превезувал 105 воени лица, од кои 75 биле спасени, но уште десетици, опремени со елеци за спасување, го напуштиле бродот во сплавови.

Регионалниот командант на морнарицата, Пичаи Лорчусакул, рече дека елеците за спасување овозможуваат нивните животи да се спасат во рок од 48 часа.

„Ќе направиме колку што можеме за да ги спасиме. Временските услови денеска се подобри и клучно е да ги најдеме денеска, со оглед на тоа колку време се исчезнати“, рече тој.

Капетанот на еден од бродовите што учествуваат во потрагата, Крајпич Кораве-Папарвит, рече дека еден од членовите на екипажот бил пронајден доцна синоќа.

„Лебдеше во водата 10 часа и сè уште беше свесен, па успеавме безбедно да го извадиме од таму“, изјави капетанот.

Можете да прочитате

Американскиот притисок го спречи договорот: „Гунвор“ ја повлече понудата за купување на „Лукоил“

Средба на Трамп со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан

Акционерите на „Тесла“ одобрија пакет за компензација од еден трилион долари за Маск