Утрински Весник
Свет

Потрага по маж осомничен за пукање во центарот на Сараево: полициска акција во Босна и Херцеговина

Policija bih

Сараевската полиција објави потрага по машко лице кое се поврзува со пукањето во ресторанот „Кве Паса“ во центарот на Сараево.

Престрелката се случила синоќа кога биле ранети две млади момчиња на возраст од 23 години. На еден од нив му биле констатирани полесни физички повреди во пределот на десната рака, а по укажаната помош бил пуштен на домашно лекување. На другиот човек му биле констатирани сериозни повреди опасни по живот и бил задржан во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево.

Кривичното дело на сторителот е квалификувано како „убиство во обид“, а според информациите од истрагата, човекот по кој е распишана потрага е државјанин на Босна и Херцеговина, јавуваат сараевските медиуми.

Престрелката се случила синоќа во сараевската населба Џиџиковац во 20 часот и 50 минути.

Можете да прочитате

Со речиси 500.000 загинати војната во Украина е најлошото крвопролевање во Европа од 1945 година

Европската комисија побара од Украина да ја забрза поправката на нафтоводот „Дружба“

ЕУ воведува царина од 3 евра по категорија на производи во мали пакувања до 150 евра