Утрински Весник
Свет

Потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ, поднесе оставка

Потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ, поднесе оставка

Потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ, поднесе оставка од функцијата, соопшти српскиот претседател за шпанската национална телевизија „Еспањола“.

dobivaj vesti na viber

„Радоичиќ не сака дополнително да ѝ наштети на Српската листа“, изјави Вучиќ, пренесува Евроњуз Србија“.

Тој напомена дека на Српската листа ја гледа како борци за слобода и дека тоа го мислат сите Срби што живеат во Косово.

Во интервју за шпанската национална телевизија српскиот претседател ја опиша ситуацијата во Косово како загрижувачка.

„Не знам дали тоа што се случи беше пресвртница. Многу сум загрижен бидејќи знам колку се агресивни Аљбин Курти и Вјоса Османи. Особено кога веруваат дека имаат голема поддршка од дел од меѓународната заедница, а тоа ме загрижува и плаши“, изјави Вучиќ.

Властите во Приштина го поврзаа Милан Радоичиќ со пукањето во Бањска. Косовската полиција денеска изврши претрес во зградата во која живее.

Можете да прочитате

Во Холандија се зголемува бројот на пациенти кои преживуваат рак

Трамп потпиша извршна наредба за укинување на санкциите врз Сирија

САД дќе му продадат муниција на Израел во вредност од 510 милиони долари