Утрински Весник
Свет

Потпретседателот на Малави загина во авионска несреќа

Potpretsedael Malavi.jpg
Dik 300x250 mk

Потпретседателот на Малави, д-р Саулос Чилима, загина заедно со уште девет лица во авионска несреќа, објавија светските медиуми.

Како што пренесува „ЦБС Њус“, во авионот што се урна била и неговата сопруга, а претседателскиот кабинет преку соопштение потврди дека сите патници загинале во авионската несреќа

Претседателот Лазар Чаквера прогласи ден на жалост поради смртта на Чилима и на останатите девет жртви.

Чилима и останатите патници биле на пат да присуствуваат на погребот на поранешниот државен обвинител, кога авионот исчезнал од радарот. Контролата на летање соопшти дека авионот не можел да слета на аеродромот Мзузу, на околу 320 километри од главниот град, поради слабата видливост.

Според медиумите, на пилотот му било наложено да се врати во Лилонгве, по што леталото исчезнало од радарот.

Чилима (51) се сметаше за можен кандидат за претседател на државата на изборите што ќе се одржат во 2025 година

Можете да прочитате

Кина лансираше вселенско летало со тројца астронаути кон вселенската станица „Тјангонг“

Во Истанбул на 4 ноември состанок на министрите од исламските држави за мировниот план за Појасот Газа

Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп