Утрински Весник
Свет

Потпретседателката на ЕП која зеде поткуп од Катар верува дека ја предало нејзиното момче

Потпретседателката на ЕП која зеде поткуп од Катар верува дека ја предало нејзиното момче

Една од најголемите афери во Брисел добива ново продолжение, а покрај големата сума пари во кеш, аферата сега дополнително ја подгреваат и семејните интриги.

dobivaj vesti na viber

Грчката пратеничка во Европскиот парламент и главната осомничена во корупцискиот скандал, Ева Каили, се чувствува издадена од своето момче, изјави нејзиниот адвокат пред нејзиното прво судско рочиште во Брисел, пишува „Политико“.

Каили е во центарот на спиралната истрага за наводната корупција во Катар, која го потресе Европскиот парламент и предизвика длабока ревизија во Брисел. Била уапсена од белгиската полиција во серија рации, а во нејзиниот стан, меѓу другото, биле пронајдени 150.000 евра во кеш. Каили во четврток треба да се појави на суд за да одлучи дали ќе остане во притвор додека трае судењето.

Адвокатот Димитракопулос, кој отпатува во Брисел за да присуствува на сослушувањето на претставничката во Европскиот парламент, смета дека таа треба да биде ослободена.

Во изјава за грчките медиуми по четири часа разговори со Каили во затвор, тој рече дека не може да предвиди што ќе се случи, но има многу правни аргументи кои го поддржуваат нејзиното ослободување од затвор. „Таа не е ниту осомничена во бегство, ниту може да се меша во доказите на истрагата“, рече тој.

Партнерот на Каила, Франческо Џорџи, е меѓу четворицата уапсени под обвиненија за корупција, перење пари и учество во криминална организација. Властите се сомневаат дека обвинетите земале пари или подароци во замена за промовирање на интересите на странски земји како Катар во Европскиот парламент.

Можете да прочитате

Германските фирми се гасат – недостиг од работници, скапа енергија, неизвесна иднина

Патнички авион од 400 милиони долари подарок од Катар за претседателот Трамп

САД повторно ќе ги прогласат Талибанците за странска терористичка организација?