
Скопје ќе добие подземна сообраќајница. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ја потпишаната одлука за јавна набавка за изградба на првата фаза од првата подземна сообраќајница во главниот град.
Големиот проект ќе се реализира на потегот од под комплексот „Лимак“ до влезот на општина Кисела Вода.
– По завршувањето на правната постапка, веднаш започнуваме со работа, истакна градоначалникот.
Со изградбата на подземната сообраќајница, Скопје ќе добие шест ленти, четири за двосмерен автомобилски сообраќај, две наменети за јавен превоз и дополнителни пешачки патеки.


