Утрински Весник
Македонија

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Кисела Вода и Филозофскиот факултет

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Кисела Вода и Филозофскиот факултет

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и Деканот на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Метoдиј“ Скопје, проф. д-р Ратко Дуев, денес потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете институции. Согласно договореното, преку различни модели на соработка втемелени на платформа на заемна доверба и разбирање, ќе бидат реализирани различни активности кои се од интерес и бенефит за двете страни.

dobivaj vesti na viber

Организирање и реализација практична работа на студентите, научни и студентски конференции, летни школи, семинари, работилници, промоции и трибини, како и обуки за вработените во Општина Кисела Вода согласно спецификите и потребите се само дел од содржината на денес потпишаниот документ.

Градоначалникот Ѓорѓиевски и деканот Дуев на средбата истакнаа дека заемната размена на информации, знаења и искуства од областите од заеднички интерес ќе има значаен бенефит и дека на тој начин се дефинира и трасира добрата деловна клима помеѓу двете институции.

Можете да прочитате

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила

Пожар кај Психијатриската болница „Скопје“, ситуацијата е стабилизирана