Утрински Весник
Македонија

Потпишан Меморандум за разбирање со Универзитетот „Мајка Тереза“ 

Photo 1 1 scaled.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Денеска во кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за политики на добро владеење, г. Арбен Фетаи, и ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“, проф. д-р Беким Фетаји, потпишаа Меморандум за разбирање меѓу двете институции.

Овој меморандум претставува важен чекор во зајакнувањето на соработката меѓу високото образование и владините институции, создавајќи директни мостови за размена на знаења и практични искуства. Конкретно, тој овозможува реализација на професионална пракса за студентите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Кабинетот на заменик-претседателот на Владата, како и активно вклучување на академскиот кадар и универзитетските експерти во работните групи, проектите и иницијативите поврзани со политиките на добро владеење, транспарентноста, отчетноста и дигитализацијата на административните процеси.

Во контекст на 9-годишнината од основањето на Универзитетот „Мајка Тереза“ –  институција која придонесува во образованието и во промоцијата на мултикултурните вредности во Северна Македонија – оваа соработка доаѓа како продолжение на претходно најавените ангажмани за поддршка на младите и интеграција на академското знаење во државните процеси на донесување одлуки.

„Ова е важен чекор кон приближување на младите до процесите на донесување одлуки и обезбедување практично искуство што ќе ги подготви за пазарот на труд, истовремено придонесувајќи за градење на потранспарентно и поефикасно владеење“, изјави заменик-претседателот на Владата Арбен Фетаи по потпишувањето.

Од своја страна, ректорот проф. д-р Беким Фетаји истакна дека „соработката со централните државни институции е приоритет на Универзитетот „Мајка Тереза“ за подигнување на квалитетот на образованието, развој на иновативни проекти и директен придонес во развојот на нашето мултиетничко општество“.

Овој меморандум се очекува да отвори нови можности за студентите и академскиот кадар, промовирајќи ги вредностите на добро владеење и зајакнувајќи ја врската меѓу академската теорија и институционалната пракса.

Можете да прочитате

Николоски: Граѓаните да внимаваат и да купуваат стан кој веќе е изграден, а не во градба

Единицата за интервентна полиција со новогодишни пакетчиња за дечињата на Детска хирургија

Тошковски: Со воведување на проектот „Безбеден град“ намален е бројот на повредени од сообраќајки