Утрински Весник
Македонија

Потпишан договор за колокација на информатичко-комуникациска опрема на Народната банка во податочниот центар на МВР во Прилеп

3.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и гувернерот на Народната банка, Трајко Славески денес потпишаа договор со кој Министерството за внатрешни работи отстапува простор во Центарот за обновување од катастрофи и обезбедување на континуитет со работата во Прилеп, за колокација на информатичко-комуникациска опрема на Народната банка.

Центарот во Прилеп ќе се користи како дополнителна локација за информатичката инфраструктура на Народната банка, со што продолжува зајакнувањето на отпорноста и унапредувањето на сигурноста на информацискиот систем, особено во случај на кризни настани предизвикани од природни непогоди и кибер напади.


Центарот претставува резервна база (back-up) за клучните и витални информациски системи во земјава, која обезбедува нивно непречено функционирање во случај на прекин или закана за примарниот систем. Истовремено, гарантира безбедно чување на податоците при природни непогоди или катастрофи предизвикани од човечки фактор и овозможува компатибилна размена на информации со другите институции

Покрај Министерството за внатрешни работи, Центарот го користат и повеќе други државни институции, како што се Центарот за управување со кризи, Државниот завод за статистика и Царинската управа. Интерес за користење на Центарот имаат изразено и бројни министерства и агенции, а истовремено постои отвореност за соработка со сите останати институции и релевантни субјекти.

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен