Утрински Весник
Македонија

Поткаст ЗРАК: Квалитетната и здрава храна помага за полесно поднесување на зрачната и хемотерапијата

Zrak20.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Со пропишување на начин на исхрана превенираме, човек кој прима хемотерапија полесно ги поднесува терапиите, полесно ги поднесува зрачните терапии од причина што даваме квалитетна и здрава храна богата со калории, порача нутриционистката Билјана Ристеска во поткаст ЗРАК со д-р Марина.

Таа истакна дека 20 години работи нутриционизам, дела работела спортски и детски нутриционизам, но и декаво последно време се наметнала потребата од клинички нутриционизам.


„Во последната, 2024 година, 70 посто од моите пациенти биле болни пациенти и тоа не ме радува. Се соочувам и со тешки патолошки пациенти. Моја препорака е да не доаѓаат до терминална фаза каде веќе не можеме ништо да помогнеме ниту докторите, ниту нутриционистите. И треба да се знае дека мојата работа не лекува, затоа што многу често пациентот ќе дојде и ќе ме праша за колку време ќе ме излекувате. Нутриционизмот е наука што превенира“ порача Ристеска.

Можете да прочитате

Магла на патните правци Дебар – Струга, Куманово – Крива Паланка и Велес – Катланово

СДСМ: ДПМНЕ пак дели тендери, фирмата на Нефи дел од колачот вреден 3 милиони евра

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника