Челси успеа да ја елиминира Борусија Дортмунд од осминафиналето во Лигата на шампионите. Англискиот тим славеше со 2:0 на „Стемфорд бриџ“ и ја надомести негативата од еден гол од првиот меч во Германија.
Менаџерот Грем Потер конечно има можност и за славење.
„Беше многу емотивно. Беше неизвесно до крајот, но момците одиграа фантастично. Мило ми е што победивме и тоа е одлично за сите. Расположението во соблекувалната е фантастично. Поминавме низ тешка фаза и многу ни значи пласманот во четврт-финалето на ЛШ. Исто така беше важно да ги поттикнеме навивачите да бидат со нас. Не беше лесно да се направи тоа, бидејќи се соочувавме со врвна екипа која игра со голема самодоверба. Мораме да им оддадеме признание на играчите, тие дадоа сѐ од себе и во двата натпревари. Мислам дека заслужуваме да одиме далеку. Сега треба да се опоравиме и да се подготвиме за саботниот натпревар против Лестер“, изјави Грем Потер по синоќешниот триумф над Борусија Дортмунд.