Утрински Весник
Спорт

Постекоглу: Сакам Хари да остане, ќе му ja претставам мојата визија

Постекоглу: Сакам Хари да остане, ќе му ja претставам мојата визија

Новоименуваниот тренер на Тотенхем, Ангелос Постекоглу ја одржа првата прес-конференција на новото работно место. Очекувано најголем дел од прашањата беа поврзани со капитенот Хари Кејн.

dobivaj vesti na viber

Најдобриот стрелец во историјата на Тотенхем е на прагот на преселба во Баерн. Баварците ја доставија и втората понуда за Кејн, која изнесува 80 милиони евра. Барем засега претседателот на Тотенхем, Даниел Леви не попушта, а новиот тренер би сакал и Кејн да остане.

„Би сакал Хари да остане. Сакам да му ја претставам мојата визија. Никогаш не сум добил никакви гаранции за него и не очекувам да ги добијам. Никогаш не можете да сметате на ништо сигурно во животот. Знам само дека Хари е дел од екипата и возбуден сум што ќе почне да работи со нас. Тема на нашиот разговор ќе биде како да го подобриме клубот за да биде успешен, а тоа е негова желба“, изјави Постекоглу.

Тотенхем за разлика од претходните сезони не успеа ниту да се пласира во Европа и секакодека во новата сезона се очекува клубот да направи значаен исчекор.

„ Го прифаќам секој предизвик. Премиер лигата е многу силно натпреварување и кој не би бил среќен да го прифати таков предизвик. Причината поради која сум тука е затоа што клубот бара промени“.

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо