Утрински Весник
Магазин

Посна пита: Сочна и вкусна, се приготвува за миг!

Pita 750x430 1.jpg

Ви предлагаме рецепт за посна пита која е идеална за семеен ручек, за празнична трпеза или кога сакате да ги импресионирате гостите со посен специјалитет.

Состојки:

За филот: 2 шолји ориз (шолја од 250 мл), 1,5 л вода, 1 главица кромид, 50 + 50 мл масло, 50 мл вода, 1 поголем и 2 помали моркови, 200-300 г свежи шампињони, 2 лажички сол, 1 лажиче сув зачин и ½ лажиче бибер (по вкус).

За премачкување: 50-100 мл масло и 200-250 мл вода.

Друго: 500 г готови кори.

Приготвување: Најпрво, пригответе го филот. Ставете го оризот во подлабоко тенџере, додајте 1 лажиче сол и сипете вода. Варете 6-7 минути, па оставете го да отстои 10 минути.

По потреба, додајте 500 мл вода (или повеќе) за да се намали густината и за да може оризот лесно да се исцеди, но внимавајте да не се измие сиот скроб.

Исечкајте кромид и ставете го во тавче со 50 мл масло, 50 мл вода и прстофат сол. Динстајте додека испари водата.

Во меѓувреме, изрендајте морков и исечкајте ги шампињоните на листови.

Кога водата од кромидот ќе испари, додајте морков и шампињони, уште 50 мл вода и 1 лажиче сув зачин. Динстајте додека омекне зеленчукот, но внимавајте на остане комплетно сув.

Исцедениот ориз ставете го во поголем сад, додајте го зеленчукот од тавчето, малку масло, сол, бибер и по желба, лист од магдонос. Сето тоа добро мешајте го додека филот стане кремлив.

Потоа, пригответе го преливот од масло, вода и сол.

Поделете ги корите на групи по три или две. На местата каде што имате три кори, ставајте повеќе фил, а каде што има две – помалку.

Тенко премачкајте ја секоја кора со приготвениот прелив. На последната кора нанесете фил на 2/3 од површината и внимателно завиткајте ја во ролат.

Ролатите распоредете ги во голем плех за печење. Премачкајте ги сите ролати со преостанатиот прелив.

Оставете ја питата да отстои додека рерната се загрева на 200 степени. Така корите ќе го впијат преливот и ќе станат сочни.

Печете 30-35 минути, додека питата добие златно-кафена боја.

Покријте ја печената пита со две крпи и оставете ја да се олади, за да се сочува сочноста, но и да испари вишокот влага.

Пресечете и послужете.

Совет: Ако ја правите питата ден претходно, оставете ја неисечена во плехот и пресечете ја утредента. Кога питата ќе се олади, покријте ја со крпа и кеса за да ги задржи влагата и сочноста.

Можете да прочитате

Алиштата ви мирисаат и по перењето? Еве што облеката се обидува да ви каже

Амбасадорот на Швајцарија, Зомер, во посета на ТИТАН Усје: Размена на искуства и добри практики за циркуларната економија

Совети за мигрена и главоболки во бременоста