Утрински Весник
Македонија

Посмртнината за пензионерите зголемена на 40.000 денари

20251225221902 big 730x400 46.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Управниот одбор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување вчера одржал редовна седница на која, Станка Трајкова, член на УО,  информирала дека Регистрираната организација за Солидарен фонд донела Одлука за зголемување на задршката за посмртна помош од пензиите од 140 на 150 денари и зголемување на средствата за исплата на посмртнина од 35 илјади на 40 илјади денари, соопшти Фондот на ПИОМ.

Членовите на Управниот одбор ја усвоиле и Стратегијата за внатрешна ревизија за 2026-2028 година и Планот за внатрешна ревизија на Единицата за внатрешна ревизија во Фондот за следната 2026 година.

Директорот на Фондот, Никола Мемов, се вели во соопштението,  нагласи дека редовните активности се одвиваат непречено и без проблеми и додаде дека на први декември редовно е исплатена ноемвриската пензија.

– Исто така, директорот Мемов ги  информира членовите на Управниот одбор дека од 16 до 18 декември годинава е остварена работна средба со Фондот на ПИО на Црна Гора. На средбата, како што рече тој, е разговарано за досегашната примена на Договорот за електронска размена на податоци помеѓу двете институции и за Техничкиот протокол за имплементацијата на Договорот, склучени во феврури годинава, како и за активностите што треба да се преземат во наредниот период во насока на зголемување на соработката и размената на податоците, соопшти Фондот на ПИОМ.

На седницата Одборот донел Одлука за доделување на деловен простор на користење на Здружението на пензионери Дојран, како и Одлука за распишување на конкурс за именување на заменик директор на Фондот и формирање на конкурсна комисија.

Управниот одбор разгледал и повеќе Информации, меѓу кои  Информацијата за резултатите од спроведувањето на активностите во делот на регистрација на податоците и Информација за поднесени и остварени права на старосна пензија во периодот од први јануари до 10 декември 2025 година.

Можете да прочитате

На Табановце приведен кумановец, во неговото возило пронајдени стари монети

Ладен воздух од североисток ни носи силен ветер и температури до -10 степени

Минусни температури утрово на Попова Шапка, во Маврови Анови и Крушево