Утрински Весник
Спорт

Последното јавно појавување на Михајловиќ: Дојде ненајавен и го расплака Зденек Земан

Последното јавно појавување на Михајловиќ: Дојде ненајавен и го расплака Зденек Земан

Смртта на Синиша Михајловиќ го шокираше фудбалскиот свет кој се збогува со легендарниот ас. Тој не успеа да издржи во животната битка со леукемијата и почина денеска на 53 години.

dobivaj vesti na viber

Последен пат беше виден во јавноста пред неколку дена, на 7 декември, кога ненајавен пристигна на промоцијата на книгата на познатиот тренер Зденек Земан во Рим, кој беше негов голем пријател.

Земан беше толку изненаден што не можеше да ги сокрие солзите.

„Зденек не освои премногу пехари, но всушност тој е меѓу најтрофејните тренери на светот, бидејќи создаде многу фудбалери и донесе нова димензија во италијанскиот фудбал. Остави неизбришлива трага во Калчото“, изјави тогаш Михајловиќ.

Можете да прочитате

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026

Шкендија со минимална победа над Арсими останува во трката за титулата