Утрински Весник
Македонија

Последна седница на Собранието годинава, донесени повеќе закони по скратена постапка

20251229195558 big 730x400 46.webp.webp

Собранието попладнево, во рамки на 79. седница, донесе повеќе закони во скратена постапка.

Усвоени беа измените и дополнувањата на законите за градење, за електронски комуникации, за вработување и осигурување во случај на невработеност, како и за пензиско и инвалидско осигурување.

Пратениците ги изгласаа и измените на законите за трговија и за инспекциски надзор.

На седницата беа донесени и Одлуката за одобрување на финансискиот план за изменување на финансискиот план на МРТ за 2025 година со пренамена на средства, Одлуката за одобрување на финансискиот план на МРТ за 2026 година, Одлуката за одобрување на финансискиот план за изменување на финансискиот план на МРТ за 2026 година со пренамена на средства, како и Одлуката за давање согласност на Годишната инвестициска програма на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2026 година.

По завршувањето на 79. седница, преседателот на Собранието Африм Гаши им ги честита претстојните новогодишни и божиќни празници на сите граѓани.

Можете да прочитате

За трагедијата во Карпош мора да има одговорност и оставка од Панче Тошковски

ЛДП бара итно расчистување на случајот во Тафталиџе и електронска нараквица за следење на насилниците

Во четврток ни следува краткотрајна промена на времето