Утрински Весник
Македонија

Поскапеа зеленчукот и овошјето, а цената на житата се намали за 24,1 отсто

Pazar.jpg

Цените на производите и услугите кои се користат во земјоделското производство (препарат, ѓубриво, работна сила итн.) во јуни се намалени за 0,1% додека цените на произведеното (вкупната вредност на сите добра и услуги произведени во земјоделството) се зголемени за 0,3%. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во јуни 2024 година, во споредба со јуни 2023 година, цените на тековно потрошени средства во земјоделството е намалено за 0,6% додека цените на средства наменети за инвестиции во земјоделството се зголемени за 6,5%.

Во јуни годинава споредено со јуни лани цените на семињата се намалени за 6,8%, на минералните ѓубрива за 12,8%, додека цените на добиточната храна се намалени за 12,8%. Во истиот период енергијата била поскапа за 4,8%, а одржувањето на зградите поскапо за 5,2%. Цените на ветеринарните услуги останале исти.

Во периодот од една година јуни годинава – лански јуни главно поскапеле: зеленчукот за о,6 %, компирот за 5,6%, овошјето и грозјето поскапеле за 2,8 %, а вината за 3,0%. Во истиот период цените на растителното производство се намалени за 2,2%. Цената на житата и на оризот за една година се намалила за 24,1%.

Од јуни лани до годинашниов јуни добиточното производство е поскапо за 7,6 %, и тоа добитокот за колење за 8,4%, додека производите од живинско потекло поскапеле за 7,2%.

Можете да прочитате

Лефков: Раководството на СДС, е најлошиот избор составен од децата на Заев, само тој може да ги управува и мрежата на Сорос

Од утре претежно облачно со врнежи од дожд и снег

Николовски: ВМРО-ДПМНЕ со партиски членови сака контрола над прислушувањето, СДСМ остро против партизацијата