Утрински Весник
Македонија

Посебен сообраќаен режим во Скопје, поради ревијална трка на велосипеди и ролерки

Посебен сообраќаен режим во Скопје, поради ревијална трка на велосипеди и ролерки

Денеска со почеток во 11.00 часот поради одржување на ревијална трка на велосипеди, ролерки и др. „Вози право, вози здраво“, ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на град Скопје.

dobivaj vesti na viber

Трката ќе се одвива со старт од Порта Македонија, десно долж ул.“Димитрие Чупоски“, десно по ул.“Даме Груев“, право по бул.“ВМРО“, лево по бул.“Илинден“ до крстосница со ул.“Наум Наумовски Борче“–Градски парк кај споменикот на Гоце Делчев.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.

Можете да прочитате

Пешаците преминувале каде што ќе стигнат, возачите не им давале предност – 175 прекршоци

Работник почина од струен удар во Кондово

Јавна дискусија за ЗОРОДУ: Јасни надлежности и одговорност како темел на функционална државна управа