Утрински Весник
Македонија

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради годишнината од смртта на Гоце Делчев

Уште од вечерва затворена „Самоилова“ кај Кале поради чествувањето на Гоце Делчев

Министерството за внатрешни работи објави дека од 19.00 часот, денес (03.05.2023 – среда) и утре (04.05.2023 – четврток), по повод одбележувањето на 120-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

Според потребите, утре за сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова“, на потегот од ул.„Иљо Војвода“ (виадукт Самоилова) до крстосницата со ул.„Прохор Пчински“, а на 04.05.2023 (четврток) затворена за сообраќај ќе биде ул.„Самоилова“, на потегот од ул.„Лазар Личеновски“ (Амбасада на САД) до бул.„Гоце Делчев“ во Скопје.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Можете да прочитате

Пожарот во близина на Самоков е изгаснат – фабриката е целосно безбедна

Се запали фабрика за оружје во Македонски Брод – гори хала со хемикалии

Заврши рехабилитацијата за првата група повредени во „Пулс“, во вторник доаѓа втора група