Утрински Весник
Скопје

Посебен сообраќаен режим денес во Скопје – избегнувајте го овој дел од градот

Ulica Konus 960x623 1.jpg

Поради ревијална трка, денеска од 11:00 до 12:00 часот ќе има посебен режим на сообраќајот во главниот град, информира СВР Скопје.

На скопските улици ќе се одржи ревијална трка на велосипеди, ролерки, тротинети, детска трка, како и трка на родители со бебешки колички.

Мерките за посебен режим на сообраќај ќе бидат преземени од Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје по сообраќајниците каде ќе се движат учесниците на трките.

„Притоа, стартната позиција на трката е од Порта ‘Македонија’, десно вдолж ул. ‘Димитрие Чупоски’, десно по ул. ‘Васил Главинов’, право по бул. ‘ВМРО’, лево по бул. ‘Илинден’ до крстосницата со ул. ‘Наум Наумовски Борче’ – Градски парк, кај споменикот на Гоце Делчев“, информираат од СВР Скопје.
Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Можете да прочитате

Центарот на Скопје затрупан со ѓубре

Ѓорѓиевски: Она што со години било запоставувано и туркано под тепих, денес се решава темелно

Титан Усје: Работиме целосно во согласност со сите важечки закони