Утрински Весник
Македонија

Посебен режим на сообраќај во среда, четврток и петок во Скопје

Посебен режим на сообраќај во среда, четврток и петок во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 12, 13 и 14.10.2022 (среда, четврток и петок), поради официјална посета на претседателката на Националниот совет на федералниот парламент на Швајцарската конфедерација, Н.Е Ирене Келин, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

dobivaj vesti na viber

Од тие причини, Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Можете да прочитате

Утрово слаби врнежи од снег на Шапка и во Крушево

Ладен бран од север, во Македонија ќе донесе врнежи и од дожд и од снег

Коцевски: Освен за Кочани, има докази од електронски уреди и за други кривични дела