Утрински Весник
Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради трка

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради трка

Денес со почеток во 16.30 часот, во организација на Атлетска федерација, ќе се одржи атлетска трка, поради што МВР најави посебен сообраќаен режим.

dobivaj vesti na viber

Трката почнува од Порта Македонија, плоштад Македонија, па продолжува на  ул.“Никола Вапцаров“, десно по ул.“Димитрие Чуповски“ до крстосница со ул.“Даме Груев“ каде се врти полукружно назад по ул.“Димитрие Чуповски“, десно по ул.“11-ти Октомври“ до крстосница со бул.“Кочо Рацин“, каде се врти полукружно и се движат назад по ул.“11-ти Октомври“, десно по ул.“Филип Втори Македонски“, лево по пристапната улица на ГТЦ и десно до целта кај Порта Македонија.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Можете да прочитате

Касами ја честита победата на Косово, жали за поразот на Албанија, а за мечот на Македонија ниту збор

Фрчкоски: Дубаи, Африка, Харис Џиновиќ – дефокусот на ВМРО не ги решаваат скапите сметки и кризата

Салаи: Без политичка волја нема борба против корупција