Утрински Весник
Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје денеска, утре и во петок

Poseben Rezim.jpg

Денеска, утре и во петок на поширокото централно подрачје на град Скопје ќе има посебен режим на сообраќај поради посетата на претседателот на Собранието на Република Хрватска Гордан Јандроковиќ.

„СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека од 5 до 7 март (среда, четврток и петок) поради официјална посета на претседателот на Собранието на Република Хрватска Гордан Јандроковиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје“, соопшти МВР.


Можете да прочитате

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Започнува целосната реконструкција на улицата „Ферид Мурати” – еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Чаир

Герасимовски: „Дебармаалски средби и серенади“, љубовта, традицијата ибоемскиот дух живеат во Дебар Маало