Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре, вторник (11.7.2023), поради одржување марш на мирот во организација на Бошњачкиот национален совет на Република Северна Македонија, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.
Имено, со почеток од 18.30 часот, па сè до завршување на маршот, сообраќајот ќе се пренасочува на дел од улицата Христијан Тодоровски-Карпош од крстосницата со улицата Втора македонска бригада, дел од улицата Џон Кенеди со улицата Кемал Сејфула, потегот од улицата Цветан Димов до улицата Џон Кенеди и од улицата Цветан Димов до булеварот Крсте Петков Мисирков“. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива маршот.