Утрински Весник
Скопје

Посебен режим на сообраќај поради протестниот марш во Скопје

Soobrakaen Rezim 960x502 1.jpg

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска (24.03.2025) со почеток од 19.00 часот поради одржување на протестен марш, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.

Протестниот марш ќе започне на Плоштад „Македонија”, а во 19.30 часот ќе се продолжи со движење кон Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври”, потоа по ул.„Филип Втори Македонски”, лево по бул.„Гоце Делчев” до пред Влада на РСМ на бул.„Илинден”.


СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Можете да прочитате

„Призма“: Коњи шетаат низ Скопје, институциите чекаат инцидент

Герасимовски: Редовна есенска дератизација во Центар, опфатени 2.000 шахти

Денес имавме среќа, но што ако утре некое дете го нема? – три кучиња нападнале мајка и 7-годишна ќерка во Скопје