Утрински Весник
Свет

Португалскиот парламент усвои закон за забрана на никаб

20251008180234 big 730x400 9.webp.webp

Португалскиот парламент денеска усвои закон за забрана на носење превез за лице од „родови или религиозни“ причини на јавно место, мерка што многумина ја толкуваат како насочена кон никабот што го носат некои муслиманки.

Забраната ја предложи крајно десничарската партија Чега и најверојатно ќе се однесува на носењето бурки на повеќето јавни места.


Сепак, превезите за лице ќе бидат дозволени во авиони, дипломатски мисии и места за богослужба.

Законот предвидува казна од 200 до 4.000 евра.

Сепак, законот мора да биде одобрен од португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза.

Тој би можел да стави вето на предлогот или да го упати до Уставниот суд на разгледување.

Доколку овој закон биде усвоен, Португалија ќе им се придружи на европските земји како Австрија, Франција, Белгија и Холандија, кои веќе воведоа делумни или целосни забрани за прекривки за лице и глава. 

Можете да прочитате

Кина го тестира најголемиот електричен брод во светот: Превезува 740 контејнери без капка гориво

Поради руски напади на Украина, Полска затвори два аеродрома во близина на границата

Британија се заканува со заплена на руски танкери од „флотата во сенка“