Утрински Весник
Свет

Портпаролот на вооруженото крило на Хамас, Абу Обеида убиен во израелски напад

20250831105555 big 730x400 27.webp.webp

Портпаролот на вооруженото крило на палестинското милитантно движење Хамас, Абу Обеида, е убиен вчера во израелски напад, потврди денеска палестински извор за телевизијата „Ал Арабија“.

Изворот наведе дека Израел нападнал стан во Газа каде што наводно престојувал Абу Обеида, портпарол на бригадите „Езедин ал-Касам“.


Тој додаде дека сите што биле во станот се убиени, и дека членовите на семејството на Абу Обеида и водачите на бригадите ал-Касам ја потврдиле неговата смрт откако го прегледале телото.

Можете да прочитате

Британското МВР воведува нова полициска единица слична на ФБИ

Кубанскиот претседател повикува на воена подготвеност на островот поради американските закани

Мелони запрепастена од изјавите на Трамп за војниците на НАТО во Авганистан, бара „почитување на улогата на сојузниците“