Утрински Весник
Свет

Портирот Драган е првата жртва на масовниот убиец: „Застана пред момчето, спречи поголема трагедија“

Портирот Драган е првата жртва на масовниот убиец: „Застана пред момчето, спречи поголема трагедија“

Драган Влаховиќ, училишен чувар, е првата жртва на Коста К.(14) кој утрово уби девет лица во масовно пукање во училиштето „Владислав Рибника“ во Врачар, Белград, пишува Нова.рс.

dobivaj vesti na viber

Смртта на обезбедувачот за РТС ја потврди претседателот на општина Врачар во Белград, Милан Недељковиќ.

„Сакаше да спречи трагедија, која ќе беше уште поголема доколку не застанеше пред момчето кое пукаше. Децата се под стрес. Училиштето е затворено. Вакво нешто не е забележано во историјата на белградските училишта“, изјави Недељковиќ.

Влаховиќ работел како обезбедување, а сите имаат само пофалби за него.

„Нашиот омилен чувар Драган е убиен. Децата го сакаа, како и целиот тим“, вели шокираната мајка на едно дете од училиштето.

Велат дека бил посветен на работата и со години работи како портир.

Да потсетиме, Коста К. утрово околу осум часот утрово упаднал во училиштето и почнал по случаен избор да пука.

Убил девет лица, меѓу кои ученици и вработени во училиштето.

Во престрелката се повредени неколку лица кои моментално се во болница. Некои од нив се во тешка состојба.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење