Утрински Весник
Спорт

Пораз за Феникс Санс во Австралија

Пораз за Феникс Санс во Австралија

Феникс Санс загуби од Аделаида (124:134) во претсезонски натпревар, со што стана првиот НБА-тим од 2015 година што загубил во претсезоната во натпревар од неамерикански тим. Во 2015 година Фенербахче го победи Бруклин Нетс.

dobivaj vesti na viber

Најдобар во триумфот на Аделаида беше Крег Рендал со 35 поени (9-17 за три), го следеше Роберт Франкс со 32 поени (6-10 за три) и 7 скока, а Антониус Кливленд постигна 22 поени.

Стрелците кај Санс ги предводеше Камерон Пејн со 23 поени (8-19 од поле), 22 поена постигнаа Деандре Ајтон (11-14 од поле, 6ск) и Микал Бриџис (8- 12 од играта, 7ск). Девин Букер постигна 13 поени (5-8 од поле за 22 минути), а Крис Пол запиша 6 поени и 12 асистенции.

Сезоната во НБА-лигата ќе почне на 18 октомври.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина