Утрински Весник
Спорт

Пораз на стартот на Работнички во АБА 2 лигата

Kosarka Aba2 Rabotnicki Sutjeska 2024 2.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кошаркарите на Работнички со пораз стартуваа во регионалната АБА 2 лига, откако вечерва во Скопје претрпеа пораз од Сутјеска со 58-71 (21-37) во рамки на 1 коло во групата Б.

Најефикасни во редовите на македонскиот тим беа Дамјан Робев со 13 и Михаило Јовичиќ со 12 поени.

Работнички во 2 коло ќе гостува во Нови Сад на Војводина на 8 октомври.

Новата сезона во АБА 2 лигата стартуваше во вторникот кога МЗТ Скопје триумфираше над Тиват, додека третиот македонски претставник во регионалното натпреварување, Пелистер, својот воведен натпревар ќе го игра на 1 октомври на домашен терен против Широки.

Можете да прочитате

Гвардиола: Секој што ќе се врати со вишок килограми нема да оди во Нотингем

Алвеш купува португалски третолигаш – 24info.mk

ФИФА ранг-листа: Македонската репрезентација ја заврши 2025. на 66. место