Утрински Весник
Спорт

Пораз и во 11. настап на Пелистер во групната фаза од Лигата на шампионите

Img 4990 696x464 1.jpeg

Македонскиот ракометен првак во машка конкуренција, битолски Пелистер и во 11. настап од групната фаза во елитното клупско европско натпрераврување Лигата на шампионите, доживеа пораз. Битолчани покрај желбата и поддршката од домашните навивачи немаа потенцијал да го изненандат фаворизираниот француски гостин ПСЖ (25:31). На овој меч во салата „Боро Чурлевски“ во дресот на Пелистер дебитираше Дејан Манасков, кој постигна три гола, како и Пешевски, Ѓорговски и Радивојевиќ. Најефикасен во тимот на „светците“ од Париз, предводени од поранешниот македонски селектор и тренер на Вардар, Раул Гонзалез беше Шипжак со седум гола. ПСЖ играше цврсто во одбраната, битолчани тешко доаѓаа до позиција да постигнат гол. Гостите набрзина поведоа со 1:5 и го најавија триумфот. На полувреме се замина со шест гола предност за гостите (9:15). Битолчани во вториот дел почнаа со двајца нови ракометари, кои првите 30 минути ги минаа на клупата. Борзаш и Гедбан за првпат влегоа во игра. Србинот Борзаш погоди двапати, а Алжирецот Гедбан на голот имаше четири интервенции за само осум минути, на сето тоа не донесе ништо ново на семафорот, затоа што ПСЖ ја направи највисоката разлика од осум гола разлика (14:22) и рутински го приведе натпреаврот до победнички крај.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари