Утрински Весник
Свет

Поранешниот потпретседател на Трамп ја посети Украина, се сретна со Зеленски

Поранешниот потпретседател на Трамп ја посети Украина, се сретна со Зеленски

Поранешниот американски потпретседател, Мајк Пенс, кој претендира за номинација од Републиканската партија за претседателските избори во 2024 година, денеска дојде во ненадејна посета на Украина за да се сретне со претседателот Володимир Зеленски.

dobivaj vesti na viber

„Слободата победува во Украина и сега повеќе од кога било мораме да продолжиме да веруваме во храбрите борци тука во Украина кои се залагаат за слобода и отфрлање на руската агресија“, им рече Пенс на новинарите по средбата со Зеленски.

Пенс е првиот републикански претседателски кандидат кој се сретнал со шефот на Украина за време на изборната кампања.

Пенс, истакнат критичар на рускиот претседател Владимир Путин и жесток поддржувач на Украина, се натпреварува за номинација на неговата партија, меѓу другите, против неговиот поранешен шеф, Доналд Трамп.

Трамп одби да каже дали сака Украина да победи во војната, велејќи наместо тоа дека сака решение што Москва и Киев ќе го постигнат преку преговори.

Поранешниот потпретседател положи цвеќе до ѕидот на кој се претставени лицата на паднатите војници во Киев. Тој отпатува во Украина со американската хуманитарна организација Samaritan’s Purse, која обезбедува помош за украинските цивили, изјави советникот на Пенс.

Американската влада обезбеди оружје и друга воена помош за Украина во вредност од над 40 милијарди долари.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk