Утрински Весник
Свет

Поранешниот малезиски премиер има 97 години и планира пак да се кандидира на изборите

Поранешниот малезиски премиер има 97 години и планира пак да се кандидира на изборите
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Поранешниот малезиски лидер Махатир Мохамад, кој има 97 години, вчера најави дека ќе се кандидира на општите избори следниот месец, иако не кажа дали сака да биде премиер по трет пат во својата политичка кариера доколку победи неговата политичка опција.

dobivaj vesti na viber

„Не сме одлучиле кој ќе биде премиер, бидејќи прашањето за мандатот е важно само ако победиме“ – рече Махатир.

АП проценува дека, иако е малку веројатно, тој би можел да стане најстариот кандидат досега за оваа позиција, која е закажана за петгодишен мандат.

Премиерот Исмаил Сабри Јакоб во понеделникот го распушти парламентот поради предвремени избори.

Изборната комисија во рок од една недела треба да го определи датумот на гласање кое мора да се одржи во рок од 60 дена од распуштањето на собранието.

Пред четири години Махатир стана најстариот премиер на светот со 93 години, но неговата влада падна во 2020 година, кога ја формираше својата партија Пежуанг, како и нов сојуз со неколку помали партии.

Можете да прочитате

Украина погодила голема рафинерија во рускиот регион Самара

Лавина на италијанските Алпи, затрупани најмалку две лица

Зеленски: Конечно обезбедување на мир ќе зависи од партнерите на Киев