Утрински Весник
Свет

Поранешниот лидер на Шин Фејн, Гери Адамс, обвинет за нападите на ИРА во 1990-тите во Велика Британија

20260309171042 big 730x400 50.webp.webp

Гери Адамс, поранешниот претседател на Шин Фејн, влијателната ирска републиканска партија која се залага за обединување на Ирска, денеска се појави пред Високиот суд во Лондон по граѓанската тужба во која е повикан на одговорност за бомбардирањата на Ирската републиканска армија (ИРА) во Велика Британија.

Тужбата би можела да влијае на политичкото наследство на Гери Адамс, кој стана лидер на Шин Фејн во 1983 година кога партијата беше политичко крило на ИРА и се етаблираше како препознатливо лице на движењето, политичар кој се стремеше да го прекине британското владеење во Северна Ирска, пренесуваат британските медиуми.


Адамс подоцна стана миротворец откако помогна во обезбедувањето на Договорот од Велики петок од 1998 година, кој во голема мера стави крај на тридеценискиот секташки конфликт познат како Немири.

Адамс отсекогаш негираше дека е член на Привремената ИРА (ПИРА), иако долго време се соочуваше со обвинувања дека бил вмешан во кампања на политички атентати извршени од организацијата.

Сега 77-годишниот политичар е тужен од некои од повредените во трите бомбашки напади – во лондонскиот Олд Бејли во 1973 година и два напади во 1996 година во Лондон и Манчестер.

Тројцата тужители бараат номинална отштета од една фунта и судска потврда дека Адамс бил висок член на ИРА за време на тридеценискиот секташки конфликт во Северна Ирска.

Можете да прочитате

Путин и Трамп разговараа телефонски за Иран, Украина и Венецуела

Пад на цената на нафтата на светските берзи под 90 долари

САД повторно ги ставија на чекање мировните преговори меѓу Украина и Русија поради војната во Иран