Утрински Весник
Македонија

Поранешниот директор на геријатрија осуден на четири години затвор

Muhsin arifi 1.jpg

Поранешниот директор на геријатрија се здоби со 4 години затвор. Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе пресуда во случајот ,,Геријатрија” и му ја изрече затворската казна на Мухсин Арифи. Блерим Амити, вработениот во истата установа доби затворска казна 1 година и десет месеци.

Двајцата се огласени за виновни за примање поткуп и награда за противзаконито влијание. Според пресудата, Арифи побарал 20.000 евра за да овозможи прием на пациентка во тешка здравствена состојба, додека Амити посредувал при предавањето на парите. Судијката Ленка Давиткова во образложението истакна дека судот особено го ценел искористувањето на тешката здравствена состојба на пациентите и нарушувањето на довербата во јавното здравство.

Можете да прочитате

СДСМ: Враќање во времето на Никола Груевски и Сашо Мијалков, медиумски мрак и хајки

Јаневска: Стратегијата за образование 2026-2032 ќе обезбеди поквалитетен национален образовен систем

Средба Хоџа–Солстром: Шведска – клучен партнер во еколошките реформи