Утрински Весник
Свет

Поранешната потпретседателка на Европската комисија, Федерика Могерини е приведена

Image.webp.webp

Поранешната потпретседателка на Европската комисија, Федерика Могерини според неофицијални извори на странски медиуми е приведена. Оваа информација излезе по претресот на белгиската полиција во седиштето на Европската служба за надворешни работи (EEAS) во Брисел и кампусот на Колеџот на Европа во Бриж, како дел од истрагата за сомнителни измами и неправилности при доделувањето договори за обука на млади дипломати.

Досега се приведени три лица, додека имунитетот на некои други службени лица е подигнат, објави порталот Euractiv.

Според европските медиуми, спорниот договор е поврзан со програмата Младинска дипломатска академија, доделена на Колеџот во 2021-2022 година. Истрагата вклучува и можно протекување на доверливи информации, како и сомневања за корупција во процесот на јавни набавки.

За време на рациите, полицијата заплени документација и електронски уреди, а EPPO објавува дека истрагата се проширува и на други поврзани институции. Случајот веќе предизвика значителен пресврт во дипломатските кругови на ЕУ, бидејќи меѓу осомничените има високи сегашни и поранешни функционери.

Можете да прочитате

Трамп го помилува поранешниот претседател на Хондурас

Кремљ планира да го зголеми извозот на нафта користејќи модерни технологии

Зеленски: Се согласивме со Трамп за мировен договор од 20 точки